Емотивните и сексуалните неверства отсекогаш постоеле, само денеска, благодарение на популарните социјални мрежи, стануваат подостапни.
Иако повеќетолуѓе сметаат дека флертот на некоја интернет платфома најчесто претставува вовед во прељуба, едно истражување на апликацијата за дружење “Illicit Encounters” го докажува спротивното.
Имено, оваа студија докажа дека мажите и жените изневеруваат на различни начини, а кај понежниот пол телефонски повик од мистерозна личност обично им укажува на неверство.
За разлика од жените, мажите повеќе сакаат да бидат на чет па така првенствено ќе ги издадат пораките со сексуална конотација или провокативни фотографии кои си ги разменувале со друга жена.
Друг знак дека мажот ја изневерува жената може да биде и непознат парфем кој се задражал на неговата гардероба, додека на трето место е имејл порака.
Во продолжение прочитајте ги 10-те начини на кои најчесто жените ги фаќаат своите партнери во прељуба:
- Испраќање на секси текстуални пораки или фотографии на својата љубовница
- Женски мирис на парфем на облеката
- Имејл порака
- Алиби да излезе било кога од дома
- Сомнително трошење на пари
- Кога нивната љубовница ќе и јави на жената дека сопругот ја изневерува
- Кога прељубникот случајно е фатен во неверство – во кафуле, ресторан или на улица
- Телефонски повици упатени до љубовницата
- Пријател ако ги открие
- Кога сами ќе признаат