Реклама
Uncategorized

Како вистинска дама: Погледнете како денес изгледа Фифи – си замина од Македонија, но не се откажа од оваа љубов

Реклама

Со нејзината појава ги сруши сите табуа и предрасуди кај луѓето.
Пошироката македонска јавност ја стави на тапет и отвори жестоки расправии меѓу граѓаните.

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Осуди, тешки зборови, безбројни еикети беа дел од товарот кој Фифи го носеше со себе долги години додека живееше во Македонија.
Македонија и Балканот не беа подготвени за некој толку отворено да зборува за својата сексуалност, но таа успеа да ги придобие сите.
Фифи Јаневска, родена како Филип Јаневски ги изненади сите со појавувањето на регионалното шоу Икс фактор.

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Денес Фифи живее во Стокхолм, Шведска.
Фифи е првата јавна личност во земјава која отворено кажа дека е трансексуалец.
Колку добро е прифатена во Шведска докажуваат фотографиите кои таа ги споделува на социјалните мрежи, каде се гледа дека во црква изведува познати евергрини.
Фифи во Икс фактор ја поддржуваа сите членови на жирито, освен Жељко Јоксимовиќ. Таа во шоуто учествуваше заедно со Маринела, ќерката на Слаѓа Делибашиќ и Џоле Џогани, но многу брзо испаднаа од натпреварот. Нејзиното учество беше одбележано и со медиумскиот cкaндaл што настана по коментарот на Жељко Јоксимовиќ кој тогаш беше дел од жирито.

Маркетинг
ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Уште додека учествуваше во шоуто изјави дека нејзината кариера вистински ќе започне кога целосно ќе ја заврши транзицијата и кога ќе ја направи операцијата за прилагодување на полот.
„Ослободете се од предрасуди. Оставете секој човек да биде тоа што сака да биде. Немојте да живеете во ограниченост и црно-бел свет. Многу е поубаво и човековата душа е поисполнета кога прифаќаш сѐ, живееш во свет кој ги опфаќа сите бои и се радуваш на сечиј успех. Сите сме луѓе, сите сме исти” напиша таа во една прилика на нејзиниот профил на „Фејсбук“.

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Таа отворено кажа и дека започнала со промена на полот, за конечно да почне да се чувствува пријатно во своето тело.
Уште пред да замине за Шведска таа откри дека започнува процесот за менување на полот.
„Точно е дека се преселив во Шведска, каде од неодамна настапував на отворањето на „Stockholm Pride“ заедно со еден госпел хор. Полека, но сигурно ја почнувам мојата транзиција и едвај ја чекам операцијата за промена на полот. Тогаш потполно ќе почнам да го живеам својот живот без било какви ограничувања. Се чувствувам и се однесувам како жена, а се приближува моментот и кога ќе станам жена. Сите хормонски терапии досега поминаа добро и моето тело е подготвено за нов почеток“ – изјави тогаш Фифи.

Маркетинг
ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Фифи доби потврда дека може да ги започне терапиите за промена на својот пол. Ја објави потврдата на Фејсбук и доби голема подршка од своите фанови.
Фифи сега откако го промени полот, конечно доби можност да биде она што отсекогаш сакала да биде – жена.

Вели дека Шведска ѝ нуди големи можности и дека конечно научила и сфатила како е да си независна личност.
Се повлече од јавноста и многу ретко се враќа во Македонија.
Денес на социјалните мрежи се претставува како Џија и сѐ уште се занимава со музика. На македонската музичка сцена би се вратила само доколку добие некоја интересна понуда.

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Еве што таа изјави во една пригода:
„Споредба за моето лично искуство во Македонија со ова во Шведска воопшто не можам да направам бидејќи, за жал, Македонија, во менталитетот, науката, најновите медицински истражувања, е добри 70 години поназад од Европа. Тоа е многу тажно, но во исто време сум среќна што има мал напредок во тоа општество“ кажа таа.
„Шведска е земја која треба да е пример за неразвиените општества и тоа во кој правец треба да се движат за сите граѓани да се еднакви, среќни и слободни. Овде нема предрасуди и човековите права се ставени на прво место, затоа и нема ниту насилство, ниту дискриминација.
„Овде на луѓето им е срам да дискриминираат, и не можат да сфатат како некои општества можат тоа да го прават“ – раскажа Фифи во една пригода.

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Доколку ги разгледате нејзините фотографии на Инстаграм, ќе видите дека таа направила целосна трансформација на изгледот.
Има долга црна коса, женски атрибут и тело на кое секоја девојка ќе позавиди.
Погледнете и уверете се сами:

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

 

ФОТО: Џија Јаневска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button