Реклама
Наши ѕвезди

Каков шок: Македонската пејачка направи сообраќајка – фановите загрижени

Реклама

Познатата македонска пејачка Добрила Ивановска Чабриќ која воедно беше и најстарата учесничка во шоуто „Никогаш не е доцна“, доживеа страшна сообраќајна несреќа.

Жената змеј, како што мноумина ја нарекуваат, ги загрижи своите фанови.
МВР утрово соопшти детали за несреќата.

Маркетинг

„На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот.

Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид“, информираше МВР.

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Ова не е прва несреќа која Добрила ја има доживеано.

Таа во емисијата Магазин раскажа и една случка која ѝ се случила додека се враќала од Србија. Додека била во центарот на Белград и било 16 часот ѝ било јавено дека до 20 часот мора да биде во Македонија, бидејќи ќе се затворат границите.

Маркетинг
Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

„Јас набивам 130-140, и кај Лесковац, една кола беше пред мене, а беше веќе пред стемнување, и нагло застана, и јас за да не го удрам, нагло на лево, бам во банкина, одзади ми ја удри колата тој, па на десно, па на лево, и отидов во трева. Застанав, и почнав да се тресам. Значи, толква рефлекс и таа брзина, да не го удрам човекот. Кога гледам доаѓа и ми вели: Абе, сестро, дали си заспала ти?“ Абе, како заспала, ти застана. Абе, на мене ми се дупна гумата- вeли тој. Јас се тресев. И, си тргнав полека, и оттогаш јас повеќе од 80-90 не возам.Посигурно и поспокојно, не брзам никаде и така насекаде стасувам.“, раскажa Добрила.

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Добрила немала посериозни здравствени проблеми и никогаш во својот живот не пиела лекови.

И во десетта деценија од животот таа докажуваше дека годините се само број.

Инаку, таа е е доајенка на Македонскиот народен театар и естраден уметник.

Во МНТ се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“. Во МНТ за единаесет години активна актерска кариера остварила 29 улоги.

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Била омажена со Миленко Чабриќ со кого го има еден син, кој за жал повеќе не е меѓу живите.

92-гдишната Добрила Ивановска Чабриќ јавноста ја засака преку нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Со својата енергија и живост, Добрила ја освоијува публиката.

И покрај пандемијата која го демне светот, таа се труди времето да го поминува квалитетно без страв, заедно со најсаканите.

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

„Јас се уште сум активна и покрај многуте свои обврски. Им помагам на многу луѓе да бидат мои гости во моите ТВ настапи, па така оваа година гостинка беше Јагода Крнетиќ Јефтиќ кај мене во Дојран и направивме преубава ТВ емисија. Успеав да добијам преубава песна за меѓународниот фестивал во Охрид на 9 и 10 септември“ порача Добрила, а пренесе „Гранд.онлајн“.

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

Фото: Фејсбук / Добрила Ивановска Чабриќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button