Каков шок во Ѕвездите на Гранд – пејач од Македонија настапи со ТЕМПЕРАТУРА, Саша извади топломер и му ја измери
Јасмин Алиевски оваа сабота во „Ѕвездите на Гранд“ настапи во последниот дуел заедно со Нејра и Еки Прошиќ.
Тие добија максимален број на гласови и веднаш се пласираа во следниот круг од натпреварот, а според претставниците на жирито нивните настапи можеби беа едни од најдобрите во текот на целата вечер.
Инаку, ова не му е прв пат на Јасмин да се натпреварува во популарното шоу, а како што забележа Саша Поповиќ, тој толку напредувал што сега е еден од најдобрите кандидати од Македонија во шоуто.
Од друга страна, рокерот Ѓорѓе Давид, кој му е ментор на Јасмин, истакна и дека тој би бил и многу подобар, но постои еден проблем…
„Имам едно многу сериозно оправдание, момчето моментално има температура 38.5. но затоа и мене ова ми е уште подраго, затоа што првата песна потресно добро ја испеа… Само да кажам, тестиран е, нема корона, изјави Ѓорѓе, а Саша се појави со топломер во рацете на сцената.
„Само да провериме дали има 38.5?“ праша Поповиќ и пристапи да му ја измери температурата на кандидатот.
Јасмин тогаш призна дека испил антибиотик и парацетамол, па Цеца се посомнева во можниот резултат.
Имено, таа потенцираше дека момчето испило парацетамол и дека тоа сигурно му ја симнало температурата, по што се надоврза Поповиќ истакнувајќи дека Ражнатовиќ е во право бидејќи му измерија 37.8.
Јасмин и во 2017 година ги воодушеви сите со своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, а Јелена Карлеуша, која беше дел од жирито, тогаш му порача дека по Тоше Проески е најубавиот Македонец што го видела. Младиот пејач не криеше дека овој коментар на балканската дива го импонираше бидејќи како што самиот изјави, Јелена е некој што има добар вкус и знае како една ѕвезда треба да изгледа.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Извор: Гранд.онлајн, Гламур