Каков скандал во Градски парк во Скопје – мајка ја избрка и расплака малата Бисера за која се снимаше емисија
Недоличното однесување на една мајка ги шокираше сите
Додека таткото на малата Бисера и објаснуваше на водителката со кои проблеми се соочуваат, друга мајка дојде и ги избрка.
Како што може да се види во видеото, мајката ги избрка затоа што планирала во летниковецот кој е јавен, да го слави роденденот на своето дете. И додека водителката Анастасија Богдановска снимаше со таткото на малата Бисера, мајката неуротично им се дереше.
Како изгледаше овој немил настан погледнете во продолжение:
Наместо да го понуди детево со сокче со колачиња, го избрка со плачење, пишува во описот на видеото лицето што го објави истото на Фејсбук.
Како што вели водителката, летниковецот е урбана опрема во јавен простор, и е слободен на користење за сите граѓани. Но според мајката истиот наводно бил резервиран, и бараше од нив да си заминат.
Новинарката најучтиво и се извини, но мајката беше крајно безобразна и со своето однесување го расплака малото девојче.