Каков пресврт, ова досега се нема случено во „Ѕвездите на Гранд“ – ШТИПЈАНЕЦОТ од тимот на Цеца остана без зборови
![](/wp-content/uploads/2022/02/ceca2-1.jpg)
Вистинско изненадување
![](/wp-content/uploads/2022/02/goran4.jpg)
Саша Поповиќ во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ ги „шокираше“ сите со својот необичен потег.
Имено, по жестокиот дуел на натпреварувачот од Штип, Горан Тонев (21), кој е во тимот на Цеца Ражнатовиќ, и Харис Хрнчиќ (25), од тимот на Александар Милиќ Мили, Поповиќ го имаше главниот збор.
И двајцата кандидати освоија максимален број на гласови, а и во прегласувањето и двајцата добија по три.
![](/wp-content/uploads/2022/02/popovic1.jpg)
И бидејќи резултатот беше нерешен, конечната одлука требаше да ја донесе Поповиќ, која ги изненади сите во студиото.
![](/wp-content/uploads/2022/02/ceca1-2.jpg)
И бидејќи тензијата навистина беше голема, како кај натпреварувачите, така и кај менторите, Поповиќ реши да направи преседан каков досега не направил и двајцата директно ги пушти во следниот круг.
![](/wp-content/uploads/2022/02/grand3.jpg)
„Тројца кандидати одат директно, значи ако еден од вас помине тоа се четворица, а потоа седуммина треба да одат во бараж и јас немам кого да исфрлам. Затоа нема бараж, сите поминуваат“.
![](/wp-content/uploads/2022/02/grand1.jpg)
„Во оваа емисија ќе поминат 12 кандидати, што значи дека само четворица враќаме. Ви благодарам и довидување“, порача Поповиќ, и веднаш доби овации од публиката, но и од менторите.
![](/wp-content/uploads/2022/02/goranceca2.jpg)
Инаку, младиот штипјанец и во својот претходен настап успеа да ги освои сите со својот талент и шарм.
![](/wp-content/uploads/2022/02/goran3.jpg)
Тој тогаш доби гласови од Вики, Цеца, Ѓорѓе и Бекута, но и од продукцијата, па за него се бореа Мили и Цеца.
![](/wp-content/uploads/2022/02/goran8.jpg)
„Види го колку е сладок. Како кукла е“, изјави тогаш Поповиќ и кандидатот и го додели на Цеца Ражнатовиќ.
![](/wp-content/uploads/2022/02/goran7.jpg)
Тој во последниот круг направи вистински рокенрол спектакл со песните „Као какао“ и „Високи штикли“.
![](/wp-content/uploads/2022/02/grand5.jpg)
Со песната „Високи штикли“ од култниот македонски бенд „Конкорд“, Тонев направи вистинско лудило на грандиозната сцена, а Цеца цело време играше.
![](/wp-content/uploads/2022/02/goran6.jpg)
Во продолжение погледнете како изгледаше настапот на Горан и во претходниот круг…
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Горан Тонев
Фото: Инстаграм/ Горан Тонев
![](/wp-content/uploads/2021/10/goran15.jpg)
https://www.instagram.com/p/CFsyAo3BWPE/
https://www.instagram.com/p/B3rifUPBJ91/
https://www.instagram.com/p/BHNzTk7j5e3/
https://www.instagram.com/p/CZn7zhtsPvS/