Еден земјоделец од Македонија на социјалните мрежи сподели видео направено во поле кое стана вирално во регионот.
Во прашање е почва која гледано од горната страна, изгледа потполно нормално, цврсто и суво, но кога ќе почне да гази по неа, изгледа како да гази по воден душек.
Мажот од видеото на земја гази и скока како на трамболина, а движењата на земјата под неговите нозе изгледа нереално.
Причината за „живата кал” во оваа област се уште не е утврдена, а најверојатно се работи за поле на кое се сади ориз. Корисниците на социјалните мрежи во коментарите започнаа дискусијата за можните причини за овој природен феномен, а меѓу нив има и такви кои тврдат дека под земјата има мешавина од кал и вода, и дека вакви места има многу низ полињата во Македонија.