Какви татковци такви синови – вака популарните македонски пејачи ги чуваат децата кога мајките ги нема
Двете момчиња се копија на своите татковци.

Најпопуларните македонски рапери покажаа како ги чуваат своите синови.
Генерации пораснаа со песните на Тони Зен и Марко Слаткаристика.
ФОТО: Принтскрин
Не постоеше некој што не ги знаеше нивните хитови.
На почетокот 2000-тите, Тони и Слаткар беа најпопуларните рапери на македонската музичка сцена и целосно ја променија сликата за рап-музиката и рап-изведувачите.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
Оттогаш оваа музика стана ултра-популарна кај македонската публика, а за нивните настапи се бараше билет повеќе.
Тинејџерките беа луди а нив, а момчињата ги имитираа и сакаа да бидат како нив.
ФОТО: Инстаграм / Марко Слаткаристика
Млади и амбициозни, буквално испишуваа историја.
Денес и двајцата имаат свои семејства и се посветени и на музиката.
ФОТО: Инстаграм / Тони Зен
Тони и Слаткар се дружат уште од деца, а денес се дружат и нивните синови.
На својот Интаграм профил Тони сподели фотографии кои ги воодушевија нивните фанови.
ФОТО: Принтскрин
Додека мајките ги нема, овие татковци се грижат одлично за децата.
Додека тие двајца си вечераат на големата маса, децата си ја добија својата вечера на малата масичка, а сите се среќни и задоволни.
„Јасен и Моша, Тони и Марко“, напиша раперот во опис на фотографијата.