Малите тајни на големите мајстори
Овие дами покрај убавината и харизмата освојуваат и со своето беспрекорно однесување, добрина и интелигенција
Жените Ваги се сметаат за драгоцени личности, а така се однесуваат и кон другите. Секогаш се во центарот на вниманието, убаво се облекуваат и зрачат со позитивна енергија. Иако се многу внимателни кон себе, истовремено и самокритичноста им помага постојано да се усовршуваат за да ги задоволат и највисоките стандарди.
Жените родени во знакот Вага најмногу ги привлекуваат мажи кои се уметници, а најмалку се заинтересирани за математичари и правници.
Каква е жената Вага
Во љубовта жените родени во овој хороскопски знак играат отворено и без скриени карти во нивните ракави, па токму затоа и истото го бараат од својот сакан. Кога некого вистински сака, таа е спремна да го прави тоа без граници.
Тие не сакаат да ги наметнуваат своите ставови ниту пак да се држат цврсто за нив. Во нив постои силна црта на емпатија и сакаат искрено да го сфатат размислувањето на сите што се наоѓаат околу нив. Ако откријат дека некој размислува различно од нив, нема веднаш да го прогласат за глупав и да се обидат да ги уверат во нивните ставови, туку едноставно ќе размислат дали тие можеби се во право. Да, жените Ваги не се срамат да признаат дека понекогаш грешат и токму оваа карактеристика ги сместува во малцинството.
Откако ќе има свои деца, таа ќе биде одлична и грижлива мајка. Но, доколку случајно се појават проблеми, таа може да ја покаже и својата силна страна, бидејќи кога ќе дојдат тешки времиња таа влече од себе неверојатна сила за која дури ни самата не знаела дека ја поседува.