Неколку интересни трендови кога се во прашање фармерките
Веќе неколку сезони наместо „skinny“ модели порадo избираме рамни кроеви или популарните „фармерки за мами“ под влијание на трендовите од 90-тите. Тоа ќе го правиме и оваа есен, но овој пат ногавиците не само да не се залепени за нозете, туку се и поприлично широки. Тоа е продолжение на трендот со „culotte“ фармерките кои сите ги носевме оваа пролет, а меѓу најбарани се и фармерките во потемни нијанси со рабови со контрастен конец.
Она што ќе остане од летната сезона се популарните копчиња кои овој пат наместо на фустани и здолништа, ќе ги гледаме и на новите модели на фармерки. Бројни брендови ги користат наместо патент, а оние покреативните со нив ги украсија и ногавиците. Кога се трендовите во прашање пак, животинските дезени и кај фармерките нема да можеме да ги избегнеме, а оние на кои не им се доволни ваквите шари можат да ги пробаат таканаречените „Франкенштајн“ фармерки кои ги претстави брендот Monse. Во прашање се модели во кои секоја ногавица им е во поинаква нијанса, а на овој тренд не можeа да му одолеат ни Chloé, Victoria Beckham, Alexander McQueen и многу други познати дизајнерски имиња што имаат свои верзии на ваквите модели во неколку бои.
Повеќе модели проверете во галеријата …