Каква мајка, таква ќерка: Ирена Спасовска ја покажа својата НАСЛЕДНИЧКА – ќе се изненадите колку си личат!
Повќе изгледаат како другарки, отколку како мајка и ќерка
Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
Водителката ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото.
Но, таа сега не дочека и првите топли денови веднаш ги искористи да замине на одмор. Пејачите особено оние кои пеат фолк песни се најангажирани за време на летото, кога има најмногу свадбени прослави.
Со оглед на тоа дека министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е можно да се даде дозвола за одржување на свадби од 1 јуни, пејачката Ирена Спасовска одлучи слободните денови пред сезоната да ги искористи да се одмори.
Таа замина на одмор во Турција, а за тоа ги извести своите следбеници на социјалните мрежи.
Таа сподели видео од авионот, во чиј опис напиша „Заминав“.
Таа често знае да сподели и пpoвокативни фотографии на социјалните мрежи, па така не се воздржа и веднаш сподели неколку фотографии на кои е во костим за капење и ужива во хотелот во кој престојува во Турција.
На турски јазик порача „Имајте убав ден пријатели“.
Познатата фолк пејачка преку целиот ден се забавуваше покрај базените и на плажата во костими за капење, пиејќи коктели, а вечерта уживаше во претставата какви секоја вечер се организираат од хотелот за нивните гости.
Од нејзините објави можеме да видиме дека е сместена на рајско место.
Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.
Таа ретко споделува мигови од приватноста, но деновиве одлучи да објави фотографии со нејзината ќерка Тамара.
„Тами и Мами“, напиша Ирена бо опис на фотографиите.
Она што може да се забележи е дека Тамара неверојатно многу личи на својата мајка.
Двете на фотографиите изгледаат како да се другарки, а не мајка и ќерка.
Пејачката изгледа подобро од било кога, а тоа не е случајно. Имено, таа ги засука ракавите и се фрли на вежбање, па мора да се признае дека тоа раѓа со плод.
Таа на социјалните мрежи во последно време се почесто објавува фотографии од своите напорни тренинзи во теретана, од кои можеме да заклучиме колку сериозно е решена да ја доведе својата линија до совршенство.
Нејзините фанови се воодуевени од нејзиниот изглед, па и порачуваат дека изгледа убаво и да не се откажува.
Пејачката долги години трае на македонската музичка сцена, а зад себе има многу хитови.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во перидоот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Дваесет и седум години како повеќе не настапуваат зааедно, а постарата генерација се уште ги памети по нивните хитови.
Секој од нив замина по свој пат, но сите тројца се и повеќе од успешни во сѐ што прават.
Ирена ѝ се посвети на музичката кариера, но сега веќе извесно време добро ѝ оди и на социјалните мрежи. Иако многумина мислеа дека Ирена и Адријана не се во добри односи тие ги срушија сите теории на заговор и покажаа дека и ден денес се одлични пријателки.
Ирена гостуваше и во емисијата на Адријана, „Вкусот на традицијата“. Пејачките готвеа заедно и се пофалија на социјалните мрежи.
-Вегетаријански специјалитети, лазањи од тиква и полнети печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент Адријана Алачки, напиша Ирена на Фејсбук.
Публиката беше изненадена од оваа нивна заедничка дружба, па запраша дали можеби пејачките сега ќе се здружат и ќе направат некој нов музички хит.