Каква екипица – нашите Гранд ѕвезди ја запалија цела Македонија – вечерва се Мики и Андријана (видео)
Беше весело овој викенд, а така ќе биде и вечерва
Нашите Гранд ѕвезди на едно место
Славица Ангелова, Омар Џаферовски и Алексанар Јосифовски одлично се забавуваа заедно овој викенд.
На социјалните мрежи исплива видео од кое можеме да видиме што се случува кога тие ќе се спојат, а едно од овие видеа ги воодушеви сите.
Во центарот на вниманието е Александар Јосифовски, но тука се и минатогодишната победничка Славица и Омар кои цело време влегуваат во кадарот додека во позадина се слуша Ивана Петерс.
Инстаграм
И ако судиме според овие снимки, тие заедно си поминаа и повеќе од убаво, но покажаа и дека приватно се во одличен однос и дека на естрадата можат да постојат пријателски односи меѓу колегите.
Инстаграм
Инаку тие тројцата настапуваа на роденденот на општина Кисела Вода, а истата вечер настапи Анѓела Игњатовиќ попозната како Бресквица.
Инстаграм
Омар по настапот му се заблагодари на рокерот Ѓорѓе Давид, кој му беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“, што го покани на концертот. Младиот пејач во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека си поминале одлично и дека е презадоволен, но и дека Македонците никогаш не разочаруваат кога е енергијата во прашање.
Инстаграм
Како изгледаше сето ова, погледнете во продолжение…
По овој настап Славица имаше концерт и во Крушево, а вечерва во Драчево е концертот на Андријана Петрушовска.
Инстаграм
Специјален гостин на нејзиниот концерт ќе биде Мики Секуловски и истиот ќе започне во 20.00 часот кај крстот.