Каква домаќинка: Еве што зготвија вредните раце на Дракче за Прочка – веднаш ќе ви се пријаде
По повод еден од најубавите христијански празници, македонската водителка поготви традиционална трпеза за семејството.
Дракче покажа што подготви со своите вредни раце и ги воодушеви фановите.
Драгица Стевковска Дракче години наназад е омилена кај публиката.
Народот ја знае по нејзината емисија „Патот на светлината“, во која таа им ги толкуваше соништата на своите гледачи.
И покрај тоа што животот ѝ донесе многу тешкотии, сепак успеа да ја задржи насмевката на нејзиното лице.
Со својата ведрина и позитивна енергија веднаш ги освои симпатиите кај публиката.
Дракче успеа да ја победи и најтешката болест и со тоа дополнително стана инспиративна за публиката.
Приватно таа е сопруга, мајка, но и баба.
Скоро 4 децении таа е во брак со нејзиниот сопруг, популарниот македонски пејач на патриотски песни, Орце Стевковски.
Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.
Во неделата православните верници славеа еден од најубавите празници, Прочка. Денот за покајание, денот за простувањето.
По тој повод домот на Дракче замириса на традиционална македонска храна.
На својот Фејсбук профил се пофали ека замесила три вида пити и ги воодушеви своите фанови.
Од фотографиите ќе ви надојде вода во уста.
„Спремни за ПРОЧКА
Пита со праз и сирење
Диплена баница со шунка кашкавал и сечкани маслинки
Милиброд со домашен џем од сливи..
Среќа нека има во сечиј дом“, порача Дракче.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче