Реклама
Вирално

Казна над 1.200 евра за граѓаните кои што нема да ја почитуваат мерката за изолација

Реклама

Српската премиерка Ана Брнабиќ, изјави дека ќе донесе дополнителни мерки, бидејќи ситуацијата со граѓанската дисциплина е загрижувачка.

 

Маркетинг

– На седница на Владата ќе ги заостриме мерките во врска со работењето на кафулињата и рестораните, односно бројот на луѓе кои се во нив, по квадратен метар по лице. Ќе ги затвориме сите шалтери во јавната администрација, на локално и на републичко ниво – изјави премиерката,.

Брнабиќ кажа дека утре ќе се разгледува одлуката дали на оние со над 65 години ќе им биде изречена целосна забрана за излегување од дома.Оние кои ја нарушуваат мерката изолација, следува казна од 150.000 динари (1.275 евра).

Маркетинг

Вчера кај пет лица е потврдено присуство на коронавирусот, а уште две лица се дијагностицирани во лабораторија на Клиниката „Жан Митрев“.

Позитивни се четири лица од Дебар и една 54-годишна пациентка од Скопје која беше прегледана на Инфективната клиника која се вратила од Холандија ноќта меѓу 12 и 13 март. Развила симптоми еден ден претходно и денеска се јавила на преглед на Клиниката. Најдени се сите контакти од семејството, таа била во домашна самоизолација, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито кој ја возел од аеродром до дома, а во овој момент се контактираат 31 лице кои се вратиле со авионот кој пристигнал од Виена. Таа е со лесна клиничка слика и веќе се хоспитализирана. Со ова бројката на хоспитализирани на Клиниката е 14, рече Филипче.

Министерот за надворешни работи Никола Димтров упати апел до граѓаните да не патуваат

– Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир. Ве молам немојте да патувате, повика министерот.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button