„Кажав ДА“: Дракче во невестински фустан ПОСРЕЌНА ОД КОГА БИЛО – честитки веднаш почнаа да се нижат
Македонската водителка ги воодушеви сите со најновата фотографија на Фејсбук.
Убава причина за славење во домот на Дракче, а честитки веднаш почнаа да се нижат.
Драгица Стевковска Дракче народот ја запозна како водителка на емисијата „Патот на светлината“ во која ги толкуваше соништата на своите гледачи.
Таа веднаш ја освои публиката која до ден денес ја памети иако повеќе не е дел од ТВ етерот.
Дракче, како што ја нарекува народот, е доста активна на социјалните мрежи каде нејзините фанови може да следат каде е и што прави.
Често на Фејсбук споделува и фотографии од нејзиното секојдневие и најблиските.
Дракче 39 години е во брак со пејачот на патриотски песни, Орце Стевковски.
Тие се вистински пример како љубовта може да ги помине сите бариери.
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.
По повод 39-годишнината од бракот на Дракче и Орце, водителката сподели нивна фотографија од свадбата и ги воодушеви фановите.
„Кажав . ДААААААА и сега трае 39 години.
15 мај 1984 год..
Шефеее Орце Стевковски ја ситниме 40 од денес,
15 мај 2023год“, стои во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче