Овој фустан го сакаат жените од цел свет
Во прашање е модел од познатиот хај-стрит шпански бренд Зара кој штом ќе стигне во продавниците веднаш го снемува од нивните полици. Го носат сите – од модните блогерки, до познатите убавици и „обични“жени.
Токму затоа сме убедени дека веќе сте го забележале и на нашите улици, а покрај тоа што им е омилен на многу Македонки, популарен е и во целиот свет – неодамна во него се појави и познатата актерка Кети Аселтон.
https://www.instagram.com/p/Bibam1NFUl7/?utm_source=ig_embed
Во прашање е долг модел со копчиња и црвени риги кој беше дел од минатогодишната колекција, а оваа година во понудата е истиот фустан само во сино-бела комбинација. Поради долгите ракави и пристојната должина е идеален за деловните изданија, особено кога температурите се високи бидејќи е направен од пријатен и лежерен материјал.
Може да се носи самостојно, но и раскопчан со фармерки!
Па, дали ви се допаѓа?