И Цеца имала спонтан абортус исто како и Анастасија – пејачката дури неодамна ја откри вистината
Цеца неодамна прв пат раскажа што се случувало кога таа и Аркан го изгубиле нивното прво бебе
Оваа тајна Цеца ја чуваше скоро три децении
Српскиот фудбалер што игра за шпанскиот клуб Севиља, Немања Гудељ, вчера вечерта објави тажна вест дека неговата сакана, Анастасија Ражнатовиќ, спонтано го изгубила нивното заедничко бебе што требаше да го роди за неколку месеци, односно во септември.
Мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ, се уште се нема огласено во врска со прекинот на бременоста на нејзината ќерка.
Таа денес се појави пред студиото на Гранд облечена во црно од глава до пети, но не сакаше да дава никакви изјави.
Инаку, Цеца пред само неколку месеци прв пат јавно зборуваше за нејзиниот спонтан абортус што го имала во младоста.
Пејачката тогаш во нејзиното „Цеца шоу“ откри дека тоа и се случило кога прв пат останала бремена со Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Како што самата откри, спонтаниот абортус ѝ се случил непосредно пред да се омажи, па затоа решиле да ја поместат свадбата.
Цеца своето бебе го изгубила во третиот месец од бременоста, кога се уште не била во брак со нејзиниот сега веќе покоен сопруг
„Свадбата ја закажавме во февруари, а јас пред тоа останав во блажена состојба. Во меѓувреме, за жал, го изгубив бебето“, изјави Цеца пред неколку месеци, исповедувајќи се во своето популарно шоу.
Оваа тајна Цеца ја откри речиси по цели три децении, a откако го изгубила бебето, таа потоа ги родила Анастасија и Вељко.
Таа останала бремена набргу по свадбата, но со помош на вонтелесно оплодување, кога по година и пол ја роди Анастасија.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм