Реклама
Вирално

И три месеци по излегувањето од болница, пациентите кои прележаа ковид-19 имаат тешки симптоми, еве што им се случува

Реклама

Пандемијата од коронавирус се шири со голема брзина. Веќе се заразени над 23 милиони луѓе, а земјите на различен начин се борат како да ја сузбијат заразата. Најтешко им е на оние кои го прележале овој вирус.

Порталот ЛБЦ њуз пренесе наоди од една студија според која повеќе од три четвртини од оние кое го прележале коронавирусот и три месеци по лекувањето чувствуваат симптоми.

Маркетинг

Истражувачите дошле до заклучок дека 81 од 110 пациенти отпуштени од болницата Саутмид во Бристол чувствувале симптоми како краток здив, хроничен замор и болки во мускулите па се повикани назад на клиника, се наведува во текстот.

Маркетинг

Иако има и добро сигнали дека пациентите зборувале за подобрување кога се работи за почетните симптоми како што е треска. Кај повеќето од нив не е евидентирано оштетување на белите дробови или смалување на нивните функции.

Како што пишува: „Наодите се резултат на прелиминарни истражувања во рамките на проектот Национални здравствени служби кој ги проучува долгорочните последници од коронавирусот.

Заменик директорката за истражување и иновации на Фондот Северен Бристол, Ребека Смит рече: “Има уште многу нешта што не ги знаеме за долгорочните ефекти на коронавирусот, но оваа студија ни даде нов важен увид во тоа со какви предизвици може да се соочат пациентите во своето опоравување и нас ќе не подготви на тоа“.

Како што вели Дејвид Арнолд, раководител на проектот Дискaвер: “Ова истражување помага да се опише она што повеќето од ковид пациентите ни зборуваат – и натаму се без здив, уморни и ненаспиени со месеци по отпуштањето од болница“.

„Сепак абнормалностите на ренгенските снимки и тестовите на белите дробови се реки во оваа група. Натамошната работа на проектот Дискавер ќе ни помогне да разбереме зошто тоа е така, и како можеме да им помогнеме на заболените од коронавирус“, додаде тој.

Вкупно 163 ковид пациенти биле вклучени во студијата, која ја финансираше добротворната организација Саутмид, а 19 пациенти nочинале.

Останатите 110 пациенти се повикани на редовна тримесечна контрола.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button