Наши ѕвезди

И третата сестра Родиќ во врска со син на позната пејачка, се шушка дека наследникот на Злата и го украл срцето, овој детаљ гo издаде

Advertisement

Тие сепак не се само пријатели?!

Фото: Инстаграм

Откако Богдана и Бојана ги освоија синовите на познатите фолк-пејачки – Вељко Ражнатовиќ и Мирко Шијан, почнаа да се шират гласини дека и нивната трета сестра, Наташа Родиќ, од неодамна е во врска со Јован Пејиќ, синот на Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја.

Advertisement

Тие и покрај тоа што истакнаа дека се само пријатели, последната објава на Наташа повторно ги поттикна овие озборувања. Имено, Родиќ објави дека е во емотивна врска, така што забележа детаљ од романтична вечера со лице чиј идентитет не сакаше да го открие, додека целата оваа глетка ја проследи со емотикони кои изразуваат љубов.

Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ

Единствениот детаљ што може да се види на фотографијата е часовникот што го носи момчето кој е ист како моделот што го носи Пејиќ.

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

На неговите последни објави може да се види истиот часовник, па дали тој се наоѓа на објавата на Наташа останува да видиме.

Фото: Инстаграм/ Наташа Родиќ

Инаку синот на Злата и Пеја е вредно момче кое и покрај тоа што неговите родители се популарни, цело време работи.

Advertisement

Покрај студиите, Јован и работи, но сака и да се забавува и да ужива, посебно кога е во друштво на убави жени.

Тој самиот го заработува својот џепарлак, а неговата мајка во една пригода за него ќе изјави:

„Скоро ми рече дека собира пари од платата за да купи автомобил. Пеја и јас имаме автомобили, може и нашиот да го вози, но ете, тој сака да има свој, за кој самиот ќе заработи. Многу е одговорен и вреден, не му се вечерните излегуваа на прво место, иако секако дека го сака и тоа, како и сите млади. Но не ме чуди што Јован е таков, бидејќи и ние двајцата сме такви. Пеја и јас, исто така сме одговорни и вредни луѓе, ништо не ни падна од небо. Моето животно мото е дека човекот мора да биде борец во се бидејќи само така може да успее, и драго ми е што тоа го пренесовме на Јован“, изјави познатата пејачка во една пригода за својот син.

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Фото: Инстаграм/ Јован Пејиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button