И стои убаво на секоја жена: Лила го истакна своето зaнecно тeло во НАЈБАРАНИОТ кocтим за капење за лето 2022 (фото)
Популарната водителка Лила Филиповска на Инстаграм објави фотографија на која позира во костим за капење и сите и порачаа дека изгледа прекрасно.
Нашата позната водителка на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира во црн едноделен костим за капење. Таа седи на лежалка за сончање, а во центарот на вниманието е нејзиното убаво тело.
Бројни следбеници во коментарите ја „почестија“ со комплименти, а најинтересно е тоа што меѓу нив се и многу претставнички на понежниот пол.
Инаку, Лила на социјалните мрежи неретко објавува фотографии во костими за капење и гордо го истакнува својот беспрекорен изглед.
Од нејзините фотографии можеме да заклучиме дека нема нешто што не и стои убаво, па дури и кога е во едно вакво оскудно издание.
Што се однесува пак до костимот за капење, току ваквите модели им се омилени на многу познати дами.
Имено, во прашање е црн едноделен костим за капење, токму онаков каков ни е потребен за да бидеме главни на плажата.
И покрај тоа што изгледа едноставно, елегантно и сведено, тој истовремено е и заводлив и сензуален, па многу жени знаат дека токму овој модел им главниот адут што мораат да го имаат во „ракавите“ кога ќе дојде летната сезона.
Ваквите едноделни модели добро им стојат на сите, па затоа и важат за одличен пријател на секоја жена.
Покрај тоа што се неверојатно практични, тие ќе направат и да се чувствувате како кралица додека уживате на плажа, а Лила очигледно добро знае зошто ваков модел им е омилен на жените, како и малиот црн фустан.
Бонус галерија
Модни додатоци за лето 2022
Шешир
Фенси накит
Марама
Капа
Плетена торба
Ретро очила за сонце
ШОПИНГ ПРЕДЛОЗИ:
Mango
Mango
Mango
Manolo Blahnik X Birkenstock Sandals
Bottega Veneta Jelly Slingback Sandals
Gucci Double G Sandals
JW Anderson Striped Tote Bag
Prada Logo Raffia Tote
Chloé
Balenciaga Le Cagole Boots
Amina Muaddi
Loewe Embellished Leather Mules
Balenciaga
Valentino Garavani Tan-Go Platform Pumps
Saint Laurent Kika Platform Sandals
D’Accori Belle Metallic Glossed-Leather Platform Sandals
The Row
Saint Laurent