Холивуд

И покрај тоа што цел свет зборува дека сопругот ја изневерува, неа мува не ја лази и изгледа ПОДОБРО од кога било досега

Advertisement

Познатата актерка Џесика Бил и пејачот Џастин Тимберлејк од почетокот на својата врска важеа за складен пар и тие никогаш пред обожавателите не ја криеја својата љубов.

Advertisement

Но токму затоа последните фотографии на кои пејачот е со друга девојка ги изненадија сите.

Имено, како што пред само неколку дена објави британскиот „The Sun“, Џастин беше фатен како се држи за рацете со атрактивната црнка, актерката Алиша Ваинрајт.

Откако овие фотографии деновиве испловија во јавноста, по два дена се појавија и фотографии од Џесика како се шета низ Лос Анџелес и изгледа подобро од било кога досега. Облечена во скинати фармерки и патики таа уште еднаш покажа зошто важи за една од најубавите жени на светот, но и дека непријатната ситуација во која се најде заради својот 38-годишен сопруг не и може ништо.

Advertisement

Имено, Џастин и Алиша беа фотографирани за време на нивно дружење во Њу Орлеанс каде што работат на заеднички филм. Иако на почетокот се шпекулираше дека во прашање се сцени од филмот, потврдено е спротивното. На фотографиите се гледа дека тие се многу блиски, а во еден момент убавата црнка му ја стана својата рака на коленото.

Поради овие фотографии јавноста дозна дека Џастин ја изневерува својата сопруга, со која има син.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button