И покрај тоа што не победи во шоуто, Песните на Антониа Гиговска се најслушаните од натпреварувачите во Пинкови ѕвездички
Македонката Антониа Гиговска беше една од најдобрите пејачки меѓу младите и талентираните пејачи што се појавија во шоуто „Пинкови ѕвездики“
Младата македонска пејачка Антониа Гиговска беше една од најзрелите натпреварувачки во шоуто „Пинкови ѕвездички – All Stars“. Пред нејзиниот прекрасен глас не можеше да остане рамнодушен никој, но како што и самата најави пред последната емисија, нема да биде тажна доколку некој друг победи. Впрочем тоа така и се случи, па победата ја однесе шармантниот Сергеј Пајиќ, а нашата Антониа одвај го дочека крајот на натпреварот за да може подобро да и се посвети на својата кариера и на снимање нови песни.
Таа на претпоследниот настап имаше еден мал гаф кога падна пред милионскиот едиториум, но и тогаш се покажа како вистински професионалец и продолжи со изведба на песната како ништо да не се случило.
Младата пејачка постојано добива одлични коментари и поддршка од своите обожаватели, но и од членовите на жирито од кои првенствено се истакнаа Милан Станковиќ и Наташа Беквалац. За нив Антониа изјави дека и се поттик да биде уште подобра, а не може да го заборави коментарот кога Беквалац по еден нејзин генијален настап и го порача следново:
„Мислам дека ти малку залута тука, бидејќи веќе од следната година очекувам твој сингл и да бидеш во ранг на изведувачите кои веќе со години се на сцената. Јас тебе не мижам да те доживеам како дете, бидејќи ти си толку изграден интерпретатор, кој има се што е потребно за да биде не само пејач туку ѕвезда Ти си ѕвезда…“
Тоа дека Гиговска беше една од најдобрите во шоуто може да се види и од бројот на прегледи на нејзините песни. Имено, нејзините изведби се едни од најслушаните и се бројат во милионски прегледи, а и песната што ја издаде додека траеше шоуто е вистински хит во регионот.