И покрај тешкиот период во животот изгледа како милион долари – комбинацијата што ја носеше никого не остави рамнодушен!

„Понекогаш ќе паднам . Тоа е животот. Станувам и уште посилно се залетувам. Тоа е карактер!!!“

Нашата позната водителка Лила Филиповска се појави на промоцијата на книгата „Ти си таа“ до Ана Дорник, на нејзината „сестра по дијагноза и фризура“, како што сподели самата водителка на социјалните мрежи.
Таа објави неколку фотографии од промоцијата на социјалните мрежи, и сите беа воодушевени од нејзиното издание.
„Понекогаш ќе паднам . Тоа е животот. Станувам и уште посилно се залетувам. Тоа е карактер!!!,“ напиша Лила под објавата додавајќи дека „Ти си таа“ треба да ја има секој што на било кој начин има врска со ракот на дојка, бидејќи инспирира и помага. Таа јавно и се заблагодари на поканата и можноста да ја сподели својата приказна, но и на сите им порача дека не треба да заборават дека тие се доказ дека ракот не е непобедлив“, напиша Лила на Фејсбук.

Но покрај својата силна порака, Лила покажа и дека жена во средни години може да изгледа убаво и атрактивно, во склад со својата возраст. Имено таа и покрај тоа што во изминатиов период се бореше со тешка болест и покажа дека ракот на дојката не е непобедлив, таа денес е пример и за тоа дека вистинската убавина кај жените доаѓа со годините и им претставува инсирација на многу дами.

Кога станува збор за нејзината комбинација, таа на овој настан се појави во црвено од глава до пети и никого не остави рамнодушен.
Облечена во црвен кус фустан со долги ракави и црвени високи чизми шармантната водителка го истакна своето убаво тело, а нејзината кратка руса коса и црвениот кармин допринесоа таа дополнително да заблеска.

Инаку, Лила и неодамна ги воодушеви сите со многу слично издание со кое се појави во нејзината емисија „Сé или нешто“.
Но таа тогаш наместо кус, носеше долг фустан, а во центарот на вниманието беше нејзината руса коса (wet look) за која сите тврдат дека совршено и стои. Таа едноставно блескаше додека седеше на столчето со прекрстени нозе, и со ова фасцинантно издание најдобро го опиша зборот самодоверба.

Таа изгледаше како модна икона, па и со овој свој драматичен изглед едноставно не можеше да помине незабележано.
Па, што велите за овие две изданија наубава6а водителка? Погледнете уште неколку нејзини комбинации…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
