Реклама
Наши ѕвезди

И покрај лошите вести што му ги соопштија, Зоки Фаци продолжува лавовски да се бори со болеста

Големо БРАВО за Зоки, за неговата храброст

Реклама

Нашиот новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, се врати денес од Турција во својот роден град.

Зоки таму замина со помош на донации на хуманите луѓе кои собираа пари за да може да направи операција. Имено, тој има канцер, но по неколкуте прегледи во турската клиника востановено е дека ракот метастазирал и на коските, па му било предложено најпрво да продолжи со хемотерапии, па потоа да се оперира.

Овие информации ги објави и пријателот на Зоки, Стефан Лазаров, кој прв и ја започна хуманитарната акција за помош.

Маркетинг

Инстаграм/ Зоки Фаци

Благодарение на оваа акција и големиот број хумани луѓе Зоки успеа да ги собере потребните средства и да замине во Турција.

Маркетинг

Новинарот по враќањето во Скопје објави и една фотографија под која повторно им се заблагодари на сите.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Хелоу Скопје, се вратив од Истанбул со направени сите испитувања, па одлучив да се оперирам во нашата Систина“.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Операцијата ќе биде за неколку дена.. Ви благодарам на сите, добри мои луѓе“, откри Зоки под фотографијата што ја сподели.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Потсетуваме, на новинарот пред три години му беше дијагностициран сарком на ногата по што тој направи операција.

Инстаграм/ Зоки Фаци

По една година проблемот повторно му се врати, па тој во нашата земја продолжи со хемотерапии за кои, како што самиот вели, многу тешко ги поднесувал. Но и покрај неколкуте циклуси хемотерапии, му беше откриен и голем тумор во стомакот, па според нашите доктори, требаше итно да се направи операција.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Токму затоа тој замина во Турција, но таму му беше дијагностицирано дека ракот се зголемил, но и почнал да се шири.

Инстаграм/ Зоки Фаци

По направените прегледи, Зоки реши следните чекори да ги направи кај нас, во една од нашите најпознати приватни клиники, а како што самиот вели, операцијата ќе биде за неколку дена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button