И покрај заканите за бојкот, Гавазова си „одлета“ за Австралија – еве кој и прави друштво во авионот
Ечи Македонско девојче, екипата никогаш повесела
Пејачката објави дека започнува австралиската турнеја
По големиот успех на нејзините последни два спота за новите песни „Далавера“ и „Тикток“ како и бројните настапи во Македонија, македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова заедно со момците од група „Молика“, како и шармантниот хармоникаш Мишел Трајковски и саксофонистот Мајкл Карадаковски ја започнаа нивната заедничка турнеја во Австралија.
И бидејќи за сите овие наши генијални музичари постои голем интерес како кај нас, така и во дијаспората, организаторите ги поканија овој април да одржат турнеја во бројни градови на овој далечен континент каде живеат голем број Македонци.
И како што самата пејачка претходно најави на Инстаграм, со каубојски шешир на главата и облечена во бело од глава до пети, турнејата ја започнуваат овој викенд, во градовите Сиднеј и Волонгонг, а потоа продолжуваат во Мелбурн.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, и претходната турнеја на Сузана Гавазова пред нашите иселеници во Австралија помина феноменално, така што познатата фолк-пејачка и овој пат не криеше, уште од самиот почеток, колку е возбудена заради целиот проект.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа сега на социјалните мрежи сподели и неколку објави од аеродромот и авионот со кој патува заедно со екипата, а го означи и сопругот кој секогаш ја следи и поддржува на нејзините настапи.
Гавазова на аеродромот дури ја испеа и песната македонско девојче, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, Гавазова во своето последно обраќање на Инстаграм им упати порака и на оние што сакаа да ги бојкотираат нејзините настапи.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, таа во ова свое видео откри дека целта на оваа нејзина турнеја е да им докаже на некои луѓе што цело време се обидуваат да и нанесат големо зло и неправда, зборувајќи за неа невистини и ширејќи муабети дека нема шанси некогаш повторно да настапува во Австралија, дека сепак ќе ја одржи својата турнеја.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како што самата вели, таа со голема желба ќе дојде да се дружи со своите фанови и во оваа намера не постои сила што ќе ја сопре.
Повеќе за ова прочитајте тука...