И покрај големата разлика во годините Пепи и Ава вистински се сакаа: ПОРАНЕШНАТА сопруга се уште тагува по Бафтировски
Поранешната сопруга на Пепи Бафтировски се потсети на еден од неговите најголеми хитови, кој најдобро ја отсликува ситуацијата во која се наоѓа сега нашата земја.
Годинава се одбележаа 30 години од албумот “Заветна” на Пепи Бафтировски.
Безвременската “Заветна” е насловна песна на албумот во издание на РТС во 1991 година.
Бафтировски за првпат ја испеал на 8-ми септември.
Напишана од Ѓорги Барбаровски во аранжман на Миле Барбаровски и Живојин Глишиќ се смета за неофицијална химна за судбината на Македонија.
„Ако згрешам”, „Самотна” се дел од овој безвременски албум. Иако Пепи повеќе не е меѓу нас, неговите дела останаа да раскажуваат за судбината на Македонија и да бидат мелем за душата на секој Македонец патриот.
Приказната за песната “Заветна” и животот на Пепи кратко прераскажана во видео, на социјалните мрежи ја сподели и поранешната сопруга на пејачот, Ава Керш.
Објавата веднаш привлече реакции од фановите и пријателите на Ава.
Под видеото се нижеа коментари и пофални зборови, сеќавања на неприкосновениот Пепи.
Иако беше огромна ѕвезда во Македонија, сепак не уживаше доволна почит и не беше задоволен од третманот кој го имаше тука, па одлучи да ја напушти својата сакана татковина.
Негова најголема љубов, жената која го зароби неговото сеце е Ава Керш. Нивната врска и љубов во тоа време беа во центар на внимснието поради големата разлика во години. Тие воопшто не се грижеа за коментарите и страсно се љубеа.
Плод од нивната љубов се нивните две деца, синот Емил и ќерката Марина.
Убавата и недолива Керш препознатлива по својот ексцентричен и необичен изглед во тоа време, успеа да го освои срцето на Пепи.
Во потрага по подобар и подостоинствен живот од тој што го имаа тука, тие одлучија да заминат во Америка.
Таму, Ава се вработи во болница, а Пепи се вработи како менаџер на обезбедувањето во истата болница.
Недолго после тоа, за жал, нивната љубов заврши и пејачот и Ава одлучија да се разведат. По некое време Пепи тешко се разболува, добива paк на белите дробови.
Најголема поддршка целиот тој период секако му биле Ава и децата. И покрај тоа што беа разведени, Ава никогаш не го остави и до последен момент беше со него.
Иако многу од медиумите пишуваа дека Пепи пред крајот имал многу тежок живот, бил сам и осамен и дека неговите наводни пријатели го заборавиле, негоата сопруга го докажа спротивното.
На само 66-годиша возраст Пепи ја изгуби битката со канцepoт. Погребот се случи во Чикаго.
За жал, не му се исполни големата желба – Македонија да му биде вечен дом.
„Така е пишано, сестро ништо да не бидеме, ти без мене, јас без тебе…”
Ава и децата продолжија да живеат во Америка, продолжија да редат успеси, но никогаш не го заборавија својот сакан татко.
Жена за која годините се само бројка
Ава и ден денес изгледа неверојатно, како времeто да запрело за неа. Но, и таа се труди доста околу својот изглед.
Таа има завршено медицински факултет и сега работи како координатор на научни студии за ракови болести.
Добра е во танцување на модерни танци, целосно се има посветено на ова хоби и добива престижни награди за тоа.
Нејзина најголема мотивација во животот се секако нејзините две деца.
Таа понекогаш знае да сподели и нивни фотографии а социјалните мрежи, преку кои може да се забележи дека Емил и Марина прераснале во зрели личности, прекрасни деца со кои секој родител би се гордеел.
Според фотографиите кои ги има објавено на социјалните мрежи може да се забележи дека синот на Ава и Пепи, Емил е вистински убавец.
Тој е студент по медицина на Универзитетот во Чикаго.
Марина пак, ќерката на Пепи и на Ава е мажена и има две деца машки деца.
Семејството живее скромно и среќно, ужива во убавините на Америка и по се изгледа воопшто нема во план да се враќа назад.
На публиката ѝ останува да ги памети одличните стихови и да копнее за подобро утре.
Неговите песни се тука и ги лечат сите рани.