Торбите од бамбуис од „Cult Gaia“ од 2012 па се до денес станаа вистински хит.
На овие хит торби не можеше да им одолеа ни Оливија Кулпо која со своите модни комбинации постојано воодушевува цела војска од обожаватели на социјалните мрежи.
Таа деновиве е на одмор на познатиот остров Ибица каде ужива со своите пријатели, а вниманието го привлекува и со своите преубави модни изданија.
Во еден момент додека ручаше во еден ресторан ја замоли својата пријателка да ја фотографира и да направат фотографии за социјалните мрежи, па позираше во интересни изданија.
26 годишната мисица и позната трендсетерка за оваа пригода носеше ултра кратко фустанче со цветен дезен од „Privacy Please“ и кафеави сандали со високи потпетици, а кога сфати дека нешто и недостасува за комбинацијата да биде целосна, ја позајми чантата од пријателката. Во прашање е ефектна дрвена торба од Јасмин Ларин, дизајнерката што стои зад познатиот бренд „Cult Gaia“ со кој го освои светот.
https://www.instagram.com/p/Bkt5yqRg36j/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BgUNfFnn3U5/?utm_source=ig_embed