И нивниот живот и брак како турска серија: Бали бег и Неџла го направија ова, Турција во шоk, се појави и ВИДЕО
Во последно време се погласни се гласинтие за разнишувањето на бракот на еден од најпознатите труски двојки, 34-годишната Фахрије Евчен и година дена постариот Бурак Озчивит.
Така пред неколку дена, турските медиуми јавија дека двојката имала жестока кавга за време на одморот во вила кај Бодрум, при што реагирале и соседите. Освен тоа, се шпекулира и дека до крајот на годината двојката ќе потпише документи за развод. Сега сопружниците уште еднаш ги изненадија своите бројни обожаватели.
https://www.instagram.com/p/B_ciElZlxaQ/?utm_source=ig_embed
Како што неодамна открија извори блиски до сопружниците, во нивниот брак веќе подолго време нешто не функционира. На Фахрије неодмна ѝ почина таткото како последица на долгогодишната борба со карциномот на желудник, а таа поради тоа падна во тешка депресија и никако не успеа да се избори со тагата.
https://www.instagram.com/p/CFKJG8og3T1/
Поради тоа и товарот за грижата околу нивниот едногодишен син Каран речиси целосно падна на Бурак.
https://www.instagram.com/p/CEL7magn3mC/
Тој се обидувал да ја увери дека треба да посети психијатар, со оглед на тоа дека подолго време е како билка и не сака со никого да разговара.
И кога обожавателите веќе се помирија со фактот дека на „турската Бранџелина“ и дојде крајот, сопружниците изненадија со заедничко појавување во јавноста.
Имено, Фахрије и Бурак се видени заедно на терасата на еден ресторан. Опуштено уживале во ручекот и разговарале пријатно, така што се чини дека не се во лоши односи. Бројните фанови затоа се понадеваа дека двојата својите проблеми успеала да ги надмине, барем до следната брачна турбуленција.