И на прагот од шестата деценија изгледа неверојатно – водителката Ирена како дива од холивудските приказни
Познатата дама мами воздишки со своето последно издание
Поранешната манекенка и една од нашите најпознати телевизиски водителки, Ирена Спировска, блеска секогаш кога носи вакво издание
Таа е една од нашите најпознати лица од малите екрани, а поминаа цели три децении кога за прв пат се појави и на модните писти.
Но Ирена и денес изгледа како манекенка, поточно како модна икона, а доказ за тоа е и нејзиното последно издание.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Имено, таа овој пат се појави во преубава тоалета во сина боја какви што најчесто гледаме на црвениот килим.
Впрочем, ваквите раскошни тоалети кои ќе го освојат срцето на секоја дама се заштитен знак на Ирена и нејзиниот стил, па во еден таков манир убавата водителка заблеска и сега и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Во прашање е гламурозен фустан каков носат холивудските диви, а во кој Ирена изгледаше како вистинска божица.
Фустанот е тесен во горниот дел и со раскошно здолниште кое се шири и по подот, а во него оваа наша позната дама која за неколку недели ќе наполни 50 години буквално никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
„Совршенство“, „Преубав фустан“, „Иренче, секогаш со својата раскошна убавина“, „Прекрасна“, беа само некои од бројните коментари што таа ги доби на сметка на овој свој фантастичен изглед.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Блеска и на прагот од шестата деценија
Инаку, Ирена покрај тоа што е една од нашите најпознати водителки, за нејзиниот приватен живот многу малку се знае.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа својата ќерка Зорица ја роди додека ги завршуваше студиите по книжевност и македонски јазик, а два месеци по породувањето започнува да работи како водителка, во популарната емисија „ТВ Бинго“ на Македонската лотарија.
Веќе долги години е во врска со Душко Исајловски со кого често се појавува во јавноста и со кого ги поврзува и љубовта кон спортот.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа е страстен љубител на планините, а благодарение на својот активен живот и денес изгледа како и во најдобрите години.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Што се однесува до нејзината исхрана, Ирена во една пригода за Гламур магазин откри дека веќе две децении е вегетаријанец.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
„Речиси 20 години сум вегетаријанец, така што готвењето најчесто го сведувам на подготовка на јадења од зеленчук, риба и тестенини, па токму овие јадења и знам најдобро да ги приготвувам“, ни откри Ирена тогаш.
Целото интервју со неа прочитајте го тука..