И на Грците не им е лесно кога познатата скопјанка ќе се прошета со шлиц до папокот по нивните сокаци
Холивудска елеганција на македонски начин

Познатата скопска инфлуенсерка Агнеса Органџиева во овој фустан изгледа како познатите холивудски диви.
Во прашање е тренди модел кој во исто време и сокрива и открива, скроен така да го истакне најубавото кај секоја жена.
Популарниот животински дезен изгледа неодоливо во едно вакво издание, иако важи за тренд со кој лесно може да се згреши.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, ваквите дезени многу лесно можат да изгледаат евтино, но Органџиева знае како да го избере вистинскиот модел за себе.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа едноставно блескаше и го украде вниманието кога ноншалантно се прошета низ градот и блесна во сиот свој сјај.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Агнеса целото издание го зачини со нејзината убава руса коса која што ја носеше пуштена да паѓа преку голите раменици, но и со уште еден детаљ кој исто така не можеше да помине незабележано.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Во прашање се необичните сандали со тенки високи потпетици, со кои Агнеса уште повеќе ги истакна своите нозе.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, фустанот беше со изразито длабок шлиц, со кој Агнеса кокетираше цело време и никого не остави рамнодушен.
Инаку, Агнеса ги обожава моделите со леопард дезен што може да се види и од следниве нејзини фотографии.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Како таа изгледаше и во ова свое издание, но и неколку идеи како да ги носите ваквите фустани, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Како да носите фустани со „анимал принт“?
Погледнете уште неколку интересни идеи со овој тренд што го обожаваат и многу познати дами од целиот свет.
Па, дали имате ваков фустан во вашите плакари?