И Македонките се луди по него – погледнете како изгледа најбараното здолниште од Манго
Животинските дезени се покажаа како најголем моден крик од актуелната есенско-зимска сезона, затоа не треба да сме изненадени што постојани сретнуваме девојки што ги „фураат“ овие дезени.
Ова е сезона посветена на животинските дезени и тоа им е јасно на сите што барем делумно ги следат случувањата во светот на модата, но и на улиците во нашите градови. Животинските дезени оваа есен можете да ги сретнете насекаде, речиси на секој дел од облеката, а дефинитивно меѓу најпосакувани е и на еден важен модел кој ја симболизира женственоста.
Во прашање се здолништата со овој тренди дезен, а листата на Манго со најпродаваните парчиња за овој период од годината (го држи првото еесто без конкуренција) е токму овој неодолив модел со леопард дезен кој со малку креативност и храброст можете да го комбинирате со различни парчиња од плакарот. Од комбинации со високи кожени чизми, до оние поопуштените, дневни варијанти со бели патики и „оверзајс“ топли волнени џемпери.
Оваа тренди здолниште ги освои љубителките на добриот стил со својот асиметричен дизајн, а на полиците во Манго ќе го најдете по цена од 2,990 денари.