Реклама
Холивуд

И Македонките не можат да им одолеат на овие сандали – погледнете како ги носи Емили Ратајковски

Реклама

Познатата бринета не излегува од овие сандали…

Познатата манекенка и сопственичка на модниот бренд „Inamorata“, Емили Ратајковски (28), која ширум јавноста стана позната по провокативната улога во спотот на Робин Тик, „Blurred Lines“, редовно со своите тренди модни изданија го привлекува вниманието на светски познатите модни магазини. Нејзините комбинации речиси секогаш се зачинети барем со едно хит парче на сезоната, како што овој пат се ефектните сандали кои манекенката ги носеше за вечерно излегување во Лос Анџелес. Таа на забавата во еден клуб се појави без својот сопруг, дотерана од глава до пети.

Маркетинг

Манекенката која редовно ги фрла во транс своите обожаватели со своето занесно тело и провокативни изданија, овој пат беше го пленеше вниманието со блуска со точки и со кратки ракави со потписот на сопствениот бренд „Inamorata“ и елегантни, црни панталони со широк крој со потписот на „Saint Laurent“, а целото издание манекенката го зачини со популарните „nude“ сандали од брендот „Jacquemus“.

Маркетинг

Во прашање се ефектни сандали со препознатлива геометриска пета, чија цена изнесува околу 725 евра, и кои веќе трета сезона по ред важат за едни од најпосакуваните сандали меѓу светските зависнички од мода.

Инаку, славниот дизајнер Симон Порт Жакмус се прослави токму благодарение на својата линија чевли што ја лансираше во 2017 година, иако брендот го основаше во 2010 кога имаше само 20 години. Две години подоцна „Jacquemus“ беше повикан да биде дел од Модната недела во Париз која му беше отскочна штица за светска кариера.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button