Реклама
Трендови

И Лила во патиките што ги обожаваат Бијонсе и Ким Кардашијан

Реклама

Во овој момент ова се најпопуларните патики

Познатиот онлајн пребарувач Lyst кој е познат како „моден Гугл“ ги потврди информациите дека едно парче со право ја носи титулата за најпопуларно во 2019 година ако земеме во предвид дека го пребарувале на секои две минути во целиот свет. Во прашање се актуелните патики од луксузната модна куќа Александар Меквин кои прв пат во продажба беа пуштени во 2016, а цената поради огромната побарувачка се уште не е спуштена и изнесува од 400 до 1000 евра.

Маркетинг

За популарноста на овие патики допринесе и тоа што многу познати ѕвезди ги имаат во своите плакари, а меѓу нив и најславните холивудски актерки Џенифер Лопез, Гвинет Палтроу, Ким Кардашијан, Кејти Холмс…

Маркетинг

Белите патики се ИН

Во прашање е унисекс модел, со едноставен, минималистички дизајн, кој радо го носат и мажи и жени. Најчесто доаѓа во бела боја со дискретен детаљ во задниот дел во впечатлива нијанса, но достапни се и во црна нијанса со бел ѓон.

Блогерката Зорана во овој шик модел

Тие со популарноста ги надминаа и култните адидаски Стен Смит и Суперстар, кои донекаде личат и со дизајнот. Покрај сличноста заедничко нешто за сите овие модели е што ги обожаваат и мажи и жени и тоа што многу лесно можете да ги вклопите во сите модни изданија – од свечени костуми и лелеави фустани до фармерки и тренерки.

Дуња Јованиќ

Ваквите модели се хит веќе неколку сезони и во Македонија, а доволно е само да се завртите околу вас и ќе забележите дека и на улиците во Скопје, и воопшто во цела Македонија, дамите носат бели патики, а не ретко и многу сличен модел со култниот на Александер Меквин.

Па ако се прашувате од каде им пари за еден таков модел и на „обичните“ девојки, не заборавајте дека верни копии сега можат да се најдат речиси на секое ќоше и тоа по цена од 1000 денари, а покрај тоа што изгледаат идентично, и девојките во нив изгледаат шик.

А еве како овој тренд го носи Лила …

Тоа дека патиките се во мода, можеме да го видиме и од оваа фотографија на која Лила носи бели, а нејзината пријателка црни со шик, жолто сако.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button