И Кејт Мидлтон не можеше да му одолее на трендот со ботокс – промените на нејзиното лице се очигледни, Британците во шок
Естетскиот хирург со само една објава предизвика хаос на Твитер
Кејт Мидлтон (37) го плени вниманието каде и да се појави со својот префинет изглед, но според странските медиуми, најверојатно и таа не одолеала на разубавувањето со помош на естетски корекции на лицето.
Имено, како што пишуваат британските таблоиди, и сопругата на принцот Вилијам има направено ботокс, па познатиот пластичен хирург Моунир Сорњи кој на твитер објави фотографија од Кејт пред и потоа потенцијалните зафати за кои се шпекулира, и со тоа направи хаос.
„Нашата Кејт сака малку бејби-ботокс. На фотографијата ‘пред’ изгледа изморено и на лицето и се гледаат брчки. На фотографијата ‘потоа’, лицето и е глатко и блеска. Загледајте се во ситните брчки на челото, но и на делот од челото меѓу веѓите“, напиша тој.