Вирално

И другите мајки се препознаа во нејзиниот статус – бремена си и одиш да се породиш, а сите ти ја бутаат раката како долу да е томбола!

Advertisement

На сите жени кои досега се породиле низ главата им поминувале исти или слични мисли, а мама Шејла Чохадаревиќ од Сараево одлучи храбро и през „шминкање“ да ги претвори во статус на својот Фејсбук профил.

Advertisement

Тато го направи, а ти кутрата се здебели, доби вода, стрии, лошо ти е, ти се расипаа забите… Јадеш и солено и благо истовремено, јадеш сé што се јаде. Косата ти паѓа, вода во колената. Вилиците те болат од џвакање. Ќе добиеш и мустаќи и влакна на стомакот. Се исфрлаш на лицето, нозете, задникот… Заминуваш во болница да се породиш, сите рацете ги бутаат како долу да е томбола. Фали уште само домарот да ги стави своите. Умираш додека се пораѓаш, ги губиш нервите, одиш во… Грбот со години те боли, дун**а ти е како рибарски чизми. Се напнуваш, те шијат.

Го доиш бебето, те болат градите, те болат брадавиците, ти истекло млеко, ти пукаат брадавиците, пукаш и ти. Не можеш да одиш по голема нужда, ниту да мочкаш… Тече… Носиш влошки 40 дена. А тате? Па тој го направил. Неговото име го пишува во документите во заграда.

Advertisement

Си доаѓаш дома, не можеш да седнеш, не можеш да легнеш. Бебето плаче, но не е гладно, и не се покакало.

Со него добиваш и полн куфер совети од баба ти, тетка ти, вујна ти, комшивката Софка и комшијата Мие. Те вака треба, те онака. Се покакало, се помочало, стануваш експерт за гомца. Што е зелено, што е жолто…

Ако не е гледно тогаш се грчеви. Па думкај, па бањај, па нема спиење. „Ура“ имаме запче и повторно гризење, градите болат, не можеш да доиш. Нервозна плачеш. Сакаш да се движиш , но не можеш. Сакаш да седиш, но не можеш. Со една рака го думкаш бебето, со другата го местиш пердето. Едното око ти внимава на постарото дете, а другото на супата да не претече. Легнуваш последна, стануваш прва…

А тато? Оној што го направи? Тате се изморил на работа!

Извор: yumama.com,
Фото: Инстаграм/ Илустрација

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button