И додека Цеца плачела, на Карлеуша и било многу тешко – големите непријателки се потсетија на овој важен момент во животот!
Цеца се потсети на спектаклот што го направи пред 20 години, а тоа го направи и нејзината најголема непријателка…
Една од најпознатите фолк пејачки на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, на својот профил на социјалните мрежи сподели емотивно видео од нејзиниот концерт одржан на Маракана во 2002 година.
„Имав дваесет и кусур години и плачев таа ноќ, но од среќа и благодарност кон вас. Спомен за цел живот, нешто што не се заборава“.
„Годините поминуваат, спомените не исчезнуваат. Напротив, уште повеќе сум горда на она што заедно го створивме, она што го одбележа мојот живот, а вие сте дел од тоа. Ви благодарам“, напиша Цеца.
Во коментарите веднаш следуваа бројни пофалби како за Цеца така и за нејзиниот спектакуларен концерт.
Интересно е и тоа што со години по овој спектакуларен настан се шушкаше колку пари заработила Цеца од концертот, а пејачката неодамна ги шокираше сите кога откри дека заради него била во минус.
„Се сеќавам дека се шегувавме, ако не се лажам, дека 100 евра бев во минус. Од големи концерти нема заработка“.
„Тие и не се прават заради профит. Успех е ако бидете на нула. Продукцијата чини многу. Нашата естрада нема буџет на светските ѕвезди и смешно е да се споредува со нив. Во прашање се милионски вредни продукции во кои ние од Балканот не можеме ни да сонуваме“, откри тогаш Цеца.
Инаку во врска со нејзиниот концерт од 2002 година интересно е и тоа што Цеца ова видео, со кое се потсети на легендарниот настан, таа го објави само неколку часа откако слично видео објави и Јелена Карлеуша на својот профил. Имено, најголема ривалка на Ражнатовиќ евоцираше спомени на својот најголем концерт од 2013 година на Ушче, но наместо да плаче од среќа, како што напиша нејзината колешка Цеца, Карлеуша истакна дека тој ден и било мошне тешко.
„На денешен ден.. пред девет години, во овој момент… траеше мојот сега легендарен концерт на БГ Ушче… “
„Во овој момент додека пеам, утрешните насловни страни на сите дневни весници веќе беа кај колпортерите, и сите имаа ист наслов: Празно. Дебакл, се потсети Карлеуша и додаде дека таа тоа го видела уште пред да излезе пред нејзината публика, и дека заради тоа и било многу тешко“.
„Знаев од утре што ме чека. Следната година дена, по овој концерт, никој никаде не ме покани да пеам, напиша Карлеуша во своето емотивно обраќање до бројните фанови на социјалните мрежи“.
Се сликав пред белиот ѕид на мојата тераса. Но од тогаш до сега јас научив многу лекции за животот. А онаа најважната е дека човек мора секогаш да стане и да продолжи понатаму. И да, му се заблагодарувам на секој прекрасен човек што со мене оваа нов пред 9 години пееше…“
Благодарам, Вива ла Дива, напиша на својот профил најголемата непријателка на естрадата на Цеца.
По 20 години успеа да го направи и тоа!
Инаку, Цеца деновиве наполни 49 години, но за разлика од претходните години, овој пат тоа го направи без медиумска помпа. Имено, Светлана оваа година реши да си ја исполни својата долгогодишна желба, која што со години наназад ја повторува во своите интервјуа, а тоа е дека сака да го помина својот роденден без присуство на медиумите, во кругот на најблиските пријатели и семејството.
Нејзините најблиски пријатели секако и испратија преубави пораки со желби, а некои и букет цвеќе на нејзината адреса, додека таа тој ден беше опкружена само со членови на семејството и најблиските пријатели.
Таа потоа замина во Варна, каде имаше настап, додека нејзината ќерка Анастасија замина кај момчето во Шпанија.
Бонус галерија
Карлеуша во опуштено издание додека лета над Македонија
Повеќе за настаот на ЈК во Македонија погледнете тука >>
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша