И додека Тошиќ е на одмор со ќерките, Карлеуша престојува сама во најлуксузниот хотел и се фали со гламур каков не сте виделе!
Знае како да ужива за сите пари!
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека популарната пејачка Јелена Карлеуша обожава егзотични дестинации.
Таа овој пат замина за Турција, а на Инстаграм се пофали со луксузниот хотел во кој е сместена.
Балканската дива никого не истави рамнодушен со луксузните детали што ги покажа од хотелот со пет ѕвездички.
Според она што може се да види на интернет, едно ноќевање во овој лукс хотел чини 700 евра, што е повеќе од една просечна плата во Македонија.
Инаку, Јелена ги „шокираше“ сите и со снимката од аеродромот, на која се гледа нејзините нозе и раце, но и авионот со кој пејачката требаше да полета. Имено таа на рацете носеше ROLEX PRESIDENT 279165, скапоцен часовник кој на официјалната интернет страница на брендот чини 25 719 долари.
Но тоа не беше сé – таа на рацете имаше и нараквица „Cartier Love“ од 5000 долари која пејачката често ја носи.
Инаку, додека Јелена Карлеуша ужива во екстравагантниот хотел во Истанбул, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ е на одмор во Дубаи заедно со нивните ќерки. Тој и Карлеуша очигледно не ги поминаа Велигденските празници заедно, а за тоа сведочи и фотографијата што ја објави.
Имено, тој објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која се гледаат Атина и Ника на плажа во Дубаи, а дали пејачката ќе им се придружи или ќе остане во Истанбул, каде тие ќе и се придружат, останува да видиме.
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul
Фото: Инстаграм/ Raffles Istanbul