Реклама
CelebrityНовости

И додека на многумина животот им запре поради пандемијата: Маријан ја има најубавата година во животот – рози му цветаат!

Реклама

Крушевчанецот Маријан Стојановски неколку години беше дел од македонската музичка сцена.

Испеа неколку хитови кои и ден денеска останаа запаметени на естрадата.

Маркетинг

По неколку години активно на музичката сцена Маријан реши да се повлече од јавноста, така тој продолжи да пее само во хорот во МОБ.

Маријан Стојаноски во јуни официјално „рипна“ во тавче и се ожени со неговата девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска.

Маркетинг

Тој на социјалните мрежи објави фотографии од свечената церемонија.

 

 

Маријан вчера својот роденден си го прослави со ќерката Вероника.

Роденденот, заради пандемијата, Маријан го прослави дома, со торта во вид на грамофонска плоча и микрофон.

Пејачот на социјалните мрежи доби многу честитки од пријателите, а некои од нив му честитаа со една од неговите најпознати песни „Подарок“, која почнува со стиховите „Роденден, мала забава“.

 

Погледнете во продолжение како изгледаше малата забава во домот на Стојановски.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button