Реклама
Наши ѕвезди

И додека колешките се фалат со скапи „ѕверови“, познатата БИТОЛЧАНКА СЕ ВОЗИ СО ЈУГО 45 ОД 500 ЕВРА?

Познатата пејачка ги воодушеви сите со својата последна објава на социјалните мрежи

Реклама

Пејачката со една фотка ги воодушеви своите фанови

Познатата македонска фолк-пејачка Марија Тодоровска, во јавноста попозната како Марија Луиса, ги изненади сите со една фотографија што деновиве ја објави на својот профил на социјалните мрежи.

Познато е дека нашите ѕвезди сакаат живот на висока нога, скапа облека и луксузни автомобили, но Марија не е една од нив.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Имено, оваа млада и провокативна дама на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која наместо да се фотографира покрај некој „ѕвер“ на тркала, таа покажа како е задоволна и пресреќна и со ова мало чудо на тркала кое на овие наши простори се уште важи за жива легенда кога се автомобилите во прашање.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Во прашање е Југо, и тоа „пицнато“ од глава до пети, со кое Марија додека се возеше имаше посебно доживување.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Имено, овој мал ѕвер на четири тркала е во сопственост на јутјуберот Мими Марковски од Битола кој снима видео-клипови со познати фаци од неговиот град додека со „југенцето“ се вози низ Битола.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Познатата пејачка му беше гостинка па очигледно не можеше да ја испушти шансата да не се фотографира во едно вакво издание.

Нема да ви се верува колку се продаваат овие автомобили во Америка

Инаку, овој ѕвер на тркала од Крагуевац кој на нашиот пазар може да се најде и по цена од 300 евра, па дури и поевтино, преку барата (се мисли на земјата на бизоните) може да достигне и неверојатна цена.

Фото: bringatrailer

Колку и да звучи неверојатно, факт е дека овој автомобил во Америка може да достигне цена и од неколку илјади евра.

Посебно се ценети специјалните верзии GVX и кабрио, но солидно се продава и обичното Југо кое визуелно не се разликува многу од оние што при крајот на минатиот век беа главни „фаци“ на нашите патишта.

Фото: Промо

Па така на една платформа за продажба на автомобили во САД, едно обично Југо од 1988 година, со поминати 108.000 километри, неодамна се продаде по цена од 9001 долари, додека неколку месеци претходно за кабрио верзија еден купувач од оваа земја издвои преку 12.000 долари. Но, кога се лудите Американци во прашање, очигледно дека ништо не треба да не изненади, нели?

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Марија Луиса во акција

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button