И додека во Македонија си „уживкаме“ во воздухот, Австралија гори, а Америка е постудена од Антарктикот – што се случува, по ѓаволите?
И тоа најлошото се уште не поминало
Можеби не треба да заборавиме дека Земјата е тркалезна, но и дека има двојна природа. И додека зимата владее со северната хемисфера, на јужната е лето. Но многумина од нас се фокусираат само на едно подрачје, и тоа најчесто на она на кое што живееме, или кое е во иста или слична временска зона со нас, и забораваме на споменатиот факт. Во моментов, на два различни краја на светот, имаме екстремни температури. Во Чикаго оваа недела, се очекуваат ниски температури опасни за живот и рекордно студен воздух. Од друга страна, Аделаида и други делови од Австралија се погодени од топлотен бран. Што се случува, се прашуваат многумина.
Чикаго и порано се нарекувал „Ветровит град” (Windy City), но овие извонредно ниски температури навистина заслужуваат насловни страни. Пред неколку дена во Америка ја објави следната вест: „Прогнозата на метеоролошка служба покажува дека повеќе од два дена по ред, следната недела, температурите можат да бидат -20, па дури и многу пониски. За споредба, Чикаго во 150 години од мерењата имаше само 15 дена со температури под -20. Исто така, постои можност највисоката дневна температура во Чикаго да не надмине 0 степени, што се има случено само два пати во 20 години, или 22 пати во изминатите 100 години. ”
А сега е јасно дека ќе биде и многу постудено. Во некои места, температурата падна дури и под 40 степени под нулата.
Бидејќи северната хемисфера на Земјата во моментов е наклонета кон Сонцето, во тој дел од светот е зима. Јужната хемисфера сега директно и поинтензивно ја прима соларната енергија и затоа таму е лето. Градот Аделаида минатата недела го сруши рекордот од 80 години со температура од 46,6 степени Целзиусови. Бирото за метеорологија Јужна Австралија на 24 јануари објави овој Твит: „Аделаида сега е австралиската топлинска метропола, во 15:35 беше 46,6 Ц, со што е срушен досегашниот рекорд од 46,4 во Мелбурн.
#Adelaide is now the hottest capital in Australia, having just reached 46.6C at 3:35pm, beating the previous record in #Melbourne of 46.4 @BOM_Vic More records: Whyalla 48.5 (prev. record 48.0), Leigh Creek 46.9 (prev. 46.3), and Port Augusta 49.1 (prev. 48.9) #heatwave
— Bureau of Meteorology, South Australia (@BOM_SA) January 24, 2019
Најтоплиот јануари досега
Многу експерти предвидуваат дека поради овој брутален топлински бран, кој очигледно нема да заврши во јануари, во некои делови на Австралија ќе биде најжешкиот јануари досега. Ваквиот топлотен бран досега предизвика многу здравствени проблеми, недостатоци на енергија, опасности од пожари, па дури и прекини на тенискиот турнир во Австралија.
https://www.instagram.com/p/Bc-zljsnn2v/
Што се случува по ѓаволите?
Но што се однесува до нас, тука на Балканот, секако дека не треба премногу да бидеме оптоварени со она прашање што во последно време се почесто го слушаме „што се случува со времето, по ѓаволите“. И да бидеме нешто посебно загрижени поради климатските промени. Имено, ние и онака самите ќе се уништиме, многу пред тоа да го направат природните катастрофи и екстремните температури – ако не со омраза и поделба меѓу себе која во секој момент може да букне во пожар, тогаш сигурно со загадениот воздух кој деновиве е полош од било каква студена зима.
Па ако не не убие студот, грипот или морбилите (!), воздухот сигурно ќе не убие. Но, секој има право да умре, нели?