И Добрила (96) од Дојран ќе се појави во големото финале – пејачката пресреќна, се радува како мало дете
„Никој не знаеше која сум и што сум во мојот Дојран се додека не дојдов тука“, вели Добрила
Вечерва во „Никогаш не е доцна“ во големото финале ќе се појави и поранешната победничка Добрила Ивановска Чабриќ.
Таа со својата грациозна појава ги воодушеви сите кога се појави на генералната проба, во студиотом а за „Гранд.онлајн“ откри дека навистина е среќна и се радувала како мало дете што не ја заборавиле и што сите ја сакаат.
„Тој само рече да излезам и да правам што сакам, и јас нема да го изневерам. Ќе му ја испеам песната што многу ја сака“, изјави победничката на третата сезона од ова популарно шоу за водителот Жика Јакшиќ кој ја поканил да гостува во финалето. Таа потоа откри дека своевремено во емисијата се пријавила затоа што на тоа ја убедиле пријателите кои и кажале дека ќе го прекинат пријателството со неа доколку не се појави во шоуто за ветерани.
Фејсбук/ Добрила Ивановска Чабриќ
„Никој не знаеше што сум и која сум во мојот Дојран се додека не се појавив тука“, вели Ивановска за „Гранд.онлајн“.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Потсетуваме, вечерва, на 23 јуни, 12 талентирани ветерани ќе се борат за титулата победник која и оваа година се бира во три категории.
Еден од пејачите ќе триумфира од страна на стручното жири, вториот го избира публиката преку СМС гласови, додека третиот ќе биде избран преку гласање на социјалната мрежа Фејсбук.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Во трката за триумф на деветтата сезона се: Арман Моранкиќ, Мирослав Мишиќ, Невенка Вукосав, Ивана Ѓорѓевиќ, Мухарем Хамзаадиќ, Ружица Чавиќ, Срѓан Стефановиќ Срле, Селма Чавкиќ, Оливер Костиќ, Сабина Касумовиќ, Милош Ради и прилепчанецот Сашо Башески.