Реклама
Вирално

И Деспот како и пеперутките, живееше кратко: Мајката на „момчето пеперутка“ со порака од која ќе ви се насолзат очите

Реклама

Болеста беше посилна, а момчето кое лавовски се бореше повеќе нема да ги трпи неподносливите болки.

Фото: Фејсбук

Малиот Деспот Лазиќ (12) од Бајина Башта кој го викаа „детето пеперутка“ го напушти овој свет во петокот, на 11 октомври, откако неговото срце по трет пат престана да чука.

Момчето целото свое детство го помина во болки, а за него дури и гушкање преставуваше проблем. Тој имаше ретка болест на кожата поради која дури и најмал допир можеше да отвори рана. Неговата мајка, Софија Лазиќ, преку социјалните мрежи сподели уште една заедничка фотографија со синот. Таа на овој начин се збогуваше со него.

Маркетинг

„Те сонувам низ првиот снег што врне. Си заминувам од овој глупав град. Каде си сега пеперуго моја мала? Зошто ме остави – напиша емотивна порака на која не можете да останете рамнодушни. Таа покрај стиховите од позната песна додаде: „Те сака мама, додека живеам, ќе живееш и ти душо моја“.

Фото: Фејсбук

Нејзиниот син ја изгуби борбата со болеста во петокот околу 20 часот на Институтот за мајка и дете во Белград поради слабото срце предизвикано од ретката болест на кожата која е позната и како „деца пеперутки“, а која медицината стручно ја нарекува булозна епидеморлиза.

Маркетинг

За оваа болест за жал не постои лек.

На Деспот, поради болеста, прстите му беа залепени, а негов сон беше еден ден да тргне на училиште.

„Сите бевме свесни дека овој ден ќе дојде бидејќи во прашање е неизлечива болест со која не може да се живее долго. Но не се надевавме дека ќе биде олку брзо, сепак беше премлад. Но колку и да е тежок, животот е живот. Ако ни е за утеха, сега барем ништо не го боли. Господ да не даде на никој на светот да му се случи она што и на моето дете и на целото семејство“, раскажа мајката на Деспот.

Фото: Фејсбук

„Има симболика помеѓу пеперутките и нашиот Деспот, Пеперутката живее еден ден, а и нашиот Деспот живееше кратко. И пеперутката и Деспот и секое дете се украс на светот“, се слушаше додека се збогуваа со малиот Деспот членовите на семејството и пријателите. На ова место никогаш претходно немало толку деца кои беа дојдени да го испратат „детето пеперутка“ на неговиот пат кон ангелите.

Поврзано

Back to top button