И девојките ѝ ЗАВИДУВААТ на изгледот – сопругата на Пепи Бафтировски покажа што умее, ќе ВЕ ВООДУШЕВИ
Сопругата на легендарниот македонски пејач денес изгледа подобро од било кога, а сега го покажа и својот голем талент.
За него луѓето велеа дека „ако не постоеше, требаше да го измислиме“.
Легендарниот Пепи Бафтировски зад себе остави трајно музичко богатство. Неговите безвремнски хитови се пејат до ден денес.
Антологиските хитови „Заветна”, „Ако згрешам нека изгорам“ и „Сине мој“ кај секој Македонец ги будат најдлабоките емоции.
Она што после долги години и натаму боли е третманот кој Пепи го добиваше во Македонија, и покрај тоа што беше голема ѕвезда.
Негова единствена и најголема љубов беше пејачката Ава Керш. Нивната љубов во тоа време беше ултра интересна за медиумите, а причината за тоа беше огромната разлика во годините.
Со својата руса коса, бујните облини, специфичниот изглед, Ава потсетуваше на Мерлин Монро, а беше сон на секој маж.
Нејзиното срце го освои Пепи.
Круна на нивната љубов се нивните деца, синот Емил и ќерката Марина.
Ава и Пепи важеа за еден од најконтроверзните парови во тоа време. Нивната љубов, вели Ава била многу силна.
Во потрага по подобра иднина за себе и нивните деца, Аваа и Пепи одлучуваат да ја напуштат Македонија и заминуваат во Америка.
Ава таму се вработила во болница, а Пепи бил менаџер на обезбедувањето во истата болница.
Но, и покрај сѐ во 2007 година тие одлучуваат да стават крај на бракот. Сепак, како што вели Ава, тие останале многу блиски до крајот на неговиот живот.
По некое време од разводот, на Пепи му била дијагностицирана тешка болecт, рaк на белите дробови. Битката ја водел многу кратко. По само една година, во 2008 година Пепи го загубил животот на 66-годишна возраст.
Ава вели дека пoчинал опкружен со најблиските, знаејќи дека е сакан и никогаш нема да биде заборавен.
Ава продолжи со својот живот во Америка, истовремено грижејќи се за нејзините деца.
Во Чикаго завршила медицински факултет за Healthcare менаџмент и се вработила како координатор на научни студии за ракови болеcти.
По сѐ изгледа, желбата за уметноста никогаш не згаснала во неа. Наоѓа начин никогаш да не биде одвоена од музиката.
За себе вели дека отсекогаш сакала да се истакне во модерни танци, но дека кога за првпат се појавила на сцената како пејачка ги немала потребните услови за тоа.
Затоа сега активно танцува и учествува на разни натпревари во САД.
На социјалните мрежи често споделува фотографии од нејзините успеси и настапи.
Таа на Фејсбук изненади со фотографија на која изгледа подобро од било кога.
Еластична, згодна, но и талентирана. Ава уште еднаш покажа што умее.
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш
ФОТО: Фејсбук / Ава Керш