Реклама
Наши ѕвезди

И Гоца Тржан распали по Неда Украден што бара пари од државата – коронавирусот ќе ги скара познатите пејачки?

Реклама

Се уште не стивнуваат страстите по апелот на Неда Украден и музичарите да добијат помош од државата

Откако Неда Украден се произнесе со идејата дека пејачите треба да добијат помош од државата за време на вонредна состојба поради пандемијата со вирусот корона, некои нејзини колешки не се согласија со овој став.

Маркетинг

„Што ќе ни се субвенции на нас пејачите, нека им дадат на најранливите. Има толку многу болни деца и социјални случаи на кои навистина им е потребна помош“ – истакна Мира Скориќ и додаде дека оние што заработуваат најмногу пари се оние што најмногу се жалат.

„Ќе има пари и настапи, но сега сите треба да се стиснеме и да заштедиме малку“ вели таа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Гоца Тржан

„Финансиската состојба е добра за мене, затоа не барам помош од државата. Имам компанија на свое име и не останав со празен паричник. Но да не се лажевме, би ми одговарало ако државата ги намали даноците додека трае пандемијата“ – се сложи со неа Гоца Тржан и продолжи.

Фото: Инстаграм/ Гоца Тржан

„Ниту јас, ниту пак некој од моите колеги работи некаде во овие моменти, па добро би било ако платиме и помалку даноци. И тоа не треба да важи само за нас пејачите, туку и за сите граѓани. Не знам зошто Неда бара пари од државата, не верувам дека останала без денар“ вели таа.

Фото: Инстаграм/ Неда Украден

Неда му одговори на Лукас

Покрај колешките Гоца и Мира, и Аца Лукас искрено призна дека верува дека пејачката не е во право затоа што пејачите заработуваат многу повеќе од другите, и дека треба да помогнат, а не да бараат помош. По неговиот коментар, Неда повторно се огласи и објасни што сакаше да каже.

„Кога реков дека треба да им се помогне на пејачите, не мислев на мене, туку зборував во име на индустријата. Не се малку луѓе кои живеат од овој бизнис, има повеќе од 10,000 пејачи, музичари … Постојат обични музичари кои не работат со високи хонорари. Ним им е потребна помош затоа што не работат и веројатно не работат веќе некое време“.

„Овие луѓе имаат семејства за кои се грижат, можеби некој во семејството кој е болен и им требаат пари за лекови, терапии … На луѓето им е потребна помош за да живеат нормален живот. Јас не влегувам во туѓите паричници и не ми е гајле за тоа. Ако има некаква помош, за да не се плаши Лукас, нема да аплицирам за заем или за помош, или да земам кредити, на мене тоа не ми треба. Не сум му лута на Лукас, но јас не зборував во свое име, туку во име на индустријата и сите други кои немаат можност да побараат помош. Тука мислам и на драмските уметници “, објасни Неда.

.

Поврзано

Back to top button