И во седмата деценија изгледа одлично – погледнете како изгледала Благица Павловска во најдобрите денови, а како изгледа сега
Една од најпознатите македонски фолк пејачки досега имавме прилика да ја видиме во најразлични изданија.
Благица Павловска (60) за време на нејзината повеќедецениска кариера многу пати го менувала својот имиџ, но денес многу мал број од нејзините фанови се сеќаваат како таа изгледаше на почетокот од својата кариера.
На следнава фотографија Благица „фура“ потполно различен стил, но со нејзината препознатлива насмевка која и ден-денес и е заштитен знак.
Тука Благица има 30 години, а повеќе фотографии од овој период погледнете во продолжение.
Инаку Благица пред пет години склучи граѓански брак со нејзиниот партнер и ова и е втор брак на пејачката.
Таа во моментов ја завршува турнејата во Австралија каде со своите настапи ги крена нашинците на нозе.