Холивуд

И во петтата деценија во костим за капење изгледа како девојка

Advertisement

Убавата Колумбијка ги воодушеви своите фанови со нови фотографии

Advertisement

Актерката Софија Вергара (46) по кој знае кој пат докажа зошто важи за една од најубавите и најпровокативните жени на светот.

Познатата колумбиска убавица беше на одмор со својот сопруг и колегата Џо Манганиело на море во Италија каде му се посвети на уживањето.

Advertisement

Таа објави неколку фотографии на својот профил на Инстаграм и облечена во едноделен костим за капење покажа дека се уште има тело како девојка.

Нејзините верни обожаватели се воодушевени што една од нивните омилени актерки ги почести со вакви фотографии преку социјалните мрежи и многумина се сложија дека се уште изгледа фантастично.

Само да потсетиме, Софија и Џо Манганиело се заколнаа на вечна љубов во 2015 година, а колумбиската убавица од првиот брак со својата средношколска љубов, Џо Гонзалес, има син, Маноло, кој оваа година наполни 27 години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button