И во петтата деценија важи за една од најубавите дами во Македонија – погледнете како Татјана го прослави роденденот
Нашата позната водителка доби бројни честитки
Една од нашите најпознати и најсимпатични водителки Татјана Стојанивска го прослави својот 45 роденден.
Таа на социјалните мрежи се пофали со фотографија на која се гледаше тортата со свеќичките што требаше да ги дувне.
Татјана важи за една од нашите најубави водителки и мораме да признаеме дека изгледа беспрекорно и во петтата деценија.
Таа својата кариера ја започна како манекенка и мисица, а како што самата изјави во една пригода, своите први пари во животот ги има заработено како манекенка на тогашниот „Саем на мода Модест“ кој во тоа време се одржуваше на Скопскиот саем.
Во 1992 година ќе ја освои титулата „Мис на Македонија“, а следната „Мис Планета“ во Бугарија..
Таа подоцна ќе се ожени со пејачот Благоја Грујовски, но нивниот брак нема да успее. Во 2007, неколку години откако ќе го роди синот Матеј, Татјана и Благоја ќе одлучат да се разделат, а разводот помина без медиумски спектакли. Тие ќе останат во пријателски односи, а разводот нема да остави никаква трага во нејзиниот живот.
Во продолжение погледнете и една фотографија од која можете да видите како таа изгледала на 17 години.