Реклама
Наши ѕвезди

И во петтата деценија важи за една од најубавите дами во Македонија – погледнете како изгледала во најубавите години (фото)

Реклама

Еве како изгледаше Татјана кога беше Мис на Македонија

Фото: Фејсбук/ Татјана Стојановска

Шармантната водителка на Канал 5 телевизија, Татјана Стојановска во книгата „Како ги заработив првите пари“ од Александра Валинова раскажува како го добила својот прв хонорар во животот. Таа се потсетува дека првите пари во животот ги заработила на 17 годишна возраст, како манекенка на тогашниот „Саем на мода Модест“ кој се одржуваше на Скопскиот саем. Таа се сеќава дека со хонорарот си купила еден капут од фирмата Тетекс.

Што се однесува до титулата „Мис на Македонија“ од 1992 и „Мис Планета“ на изборот во Бугарија во 1993, Татјана во едно свое интервју изјави дека најпрво се исплашила од титулата, но и дека плачела пред нејзината мајка и татко во собата, но не од возбуда и среќа, туку затоа што и било незгодно што победила. „Не сакав да сум Мис. Бев дете“, се присеќава Татјана.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Татјана подоцна ќе се ожени со пејачот Благоја Грујовски, но нивниот брак нема да успее. Во 2007, неколку години откако ќе го роди синот Матеј, Татјана и Благоја ќе одлучат да се разделат, а разводот помина без медиумски спектакли. Тие ќе останат во пријателски односи, а разводот нема да остави никаква трага во нејзиниот живот.

Инаку, Татјана оваа година ќе наполни 45 и се уште важи за едно од најубавите лица на нашите мали екрани.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Таа во 1999 година дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, а бидејќи нејзиниот син тогаш се уште бил мал, не планирала да продолжи на постдипломски студии. Тоа ќе го направи речиси 15 години подоцна, односно поточно во 2013, кога ќе магистрира човечки ресурси.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Во продолжение погледнете ја фотографијата на која можете да видите како таа изгледала кога имала само 17 години.

Фото: Магазин Екран/ Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button