Реклама
Холивуд

И во осми месец од бременоста изгледа фантастично – Меган Маркл ги воодушеви сите со ова црно, елегантно издание

Реклама

Војвотката од Сасекс повторно ги воодушеви сите

Меган Маркл и принцот Хари ненајавено се појавија пред зградата на амбасадата на Нов Зеланд во Лондон за да оддадат почит на жртвите на терористичкиот напад во Крајстчерч што се случи минатиот петок. Бремената војвотката за ова пригода беше облечена во црно, а можеби најважниот детаљ од нејзината комбинација беа преубавите обетки. Имено, таа ги носеше златните обетки „Boh Runga Discologo“ кои и ги има подарено токму премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, за време на нејзината последна турнеја во Нов Зеланд со принцот Хари која се случи минатата есен.

Маркетинг

Остатокот од ова нејзино прекрасно „all-black“ издание се состоеше од капут со крој на пелерина и сјајни копчиња, плико чанта од „Gucci“ и полуотворени салонки со потписот на модната куќа „Aquazzura“.

Маркетинг

 

Кралската двојка пред амбасадата положи цвеќиња, а Меган во името на целото кралско семејство се потпиша во книгата на тагата и ја напиша пораката: „Ви изразуваме најдлабоко сочувство. Нашите мисли се со вас“

Поврзано

Back to top button