Реклама
LIFESTYLEВирално

И во оваа земја повеќе НЕМА да ви требаат бугарските пасоши

Реклама

И на Австрија ИТНО и се потребни работници од Балканот – објавена е детална листа со 54 дефицитарни занимања
Во Австрија годинава има недостаток од квалификувани работници, и тоа во дури 54 дејности.

Министерството за труд на оваа земја состави дури и листа за вработување на странски квалификувани работници и нацрт за Уредба за барани професии за 2020 година (Fachkräfteverordnung 2020) со која се дефинира побарувачка на работници во одредени занимања и можност за вработување на работници од земјите кои не се дел од ЕУ.

Маркетинг

Оваа уредба важи за сите државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои имаат завршено средно училиште со едно од дефицитарните занимања, а сакаат да работат во Австрија.
Оваа листа стапи на сила од 1 јануари 2020

Според објавената листа можеме да видиме дека во Австрија има голема побарувачка за преку 50 професии, а некои од занимањата се дипломирани медицински сестри, готвачи, возачи на локомотива, сметководители, ѕидари, столари, плочкари, паркетари и многу други слични дејности.

Маркетинг

Инаку, во Австрија секоја година, според потребите на пазарот на трудот, се објавува список со дефицитарни занимања, што може да биде фактор за странци и добивање на „Rot-Weiß-Rot – Karte“. Сега квалификуваните работници и кои не се од земјите членки на ЕУ можат да побараат издавање на дозволата „Rot-Weiß-Rot – Karte“.

Истата може да се побара или кај надлежната австриска амбасада и конзулат или директно во Австрија, доколку подносителот има право да влезе во Австрија без виза, што е случај и со граѓаните од Македонија.
Еве некои од дефицитарните занимања за 2020 година

Електротехничари инженери по информациски технологии, заварувачи, машински техничари, електроинсталатери, бравари, автомеханичари, кровопокривачи, столари, бетонци, тесари оптичари. машинобравари, градежни инженери, книговодители, готвачи, пластичари, лимари, дрвари, здравствени техничари, , фризери стаклари, месари, тапетари, молери, козметичари, келнери и бројни други слични занимања без кои австриската економија во следните неколку години нема да може да функционира.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button